Кој вели дека мобилните телефони што поддржуваат пенкалце (стајлус) мора да бидат многу скапи? Пазарниот сегмент традиционално резервиран за најскапите паметни телефони на Samsung може да добие нов конкурент од компанијата TCL.
TCL Stylus 5G
Се согласуваме дека ова не е најоригиналното име за еден самртфон, но барем точно знаете што добивате доколку го купите. Значи, што носи овој уред по ниска цена од нешто помалку од 260 долари?
Процесор, меморија, батерија
Процесорот што се наоѓа во овој уред е octa-core MediaTek Dimensity 700 5G кој се состои од две Cortex-A76 јадра на 2,2 GHz и шест Cortex-A55 јадра на 2 GHz. Дополнително, има 4GB RAM и 128GB простор за складирање што може да се прошири до 2 TB со microSD картичка. Сето ова се напојува со батерија од 4.000 mAh.

Екран
Што се однесува до екранот, се работи за IPS LCD со дијагонала од 6,81 инчи и FHD+ резолуција (2460×1080 пиксели). Вертикалната стапка на освежување на екранот на овој телефон изнесува 60 Hz, што е недостаток за смартфон што се појавува во 2022 година, но веруваме дека TCL направи се што можеше за да ја задржи цената под 260 долари и дека побрзиот екран автоматски значи многу повисока цена.
Камери
Од предната страна има селфи камера со резолуција од 13 MP. Што се однесува до главниот сензор на задниот дел, неговата резолуција е 50 MP со отвор од f/1,8 и фазен автофокус. Дополнително, тука е камерата со ултра широк агол со резолуција од 5 MP, макро сензор со резолуција од 2 MP, како и сензор за длабочина со иста резолуција.
Свесни сме дека овој телефон нема да ги загрози Samsung Galaxy Note или S22 Ultra, што не е негова идеја. Перформансите на овој уред никого нема да воодушеват, а ќе видиме колку TCL работел на поддршката за пенкалцето и неговите можности. Од друга страна, Samsung Galaxy S22 Ultra, сегашниот Samsung со стајлус чини најмалку шест пати повеќе од TCL Stylus 5G, така што ова можеби е идеална можност за сите оние кои поскаувале телефон со пенкало, но никогаш немале доволно пари да издвојат за некој модел од Galaxy Note серијата.

