Американскиот милијардер Eлон Маск, основач на Tesla и SpaceC, денеска се закани дека нема да го реализира договорот за купување на Twitter, вреден 44 милијарди долари, обвинувајќи ја компанијата дека одбива да му достави информации за лажни налози.
Адвокатите на милијардерот ја упатија заканата преку писмо испратено до Twitter денеска, во кое се наведува дека од 9 мај, еден месец по неговата понуда да ја купи компанијата, Маск постојано барал информации за да може да процени колку од 229 милиони налози на Twitter се лажни.
Во писмото адвокатите наведуваат дека Twitter само понудил детали за своите методи на тестирање и тврдат дека тоа е „еднакво на одбивање“ на барањето на Маск за податоци.
Адвокатите велат дека Маск верува дека Twitter се спротивставува на продажбата и се обидува да ги попречи неговите права за информирање, како што било дефинирано во април, со договорот за преземање.