А-серијата паметни телефони на Samsung може да стане побогата за еден достапен флексибилен модел, кои со нетрпение го очекуваат корисници со мал буџет.
Неминовно е дека Samsung доминира на пазарот на телефони на преклоп. Galaxy Z Fold 3 и Z Flip 3 моделите имаат импресивни продажни бројки и се популарен избор за сите оние кои сакаат да пробаат релативно ново искуство на користење на паметни телефони.
Но, факт е дека за наведените уреди, корисниците треба длабоко да нурнат во своите џебови, па многумина сепак се одлучуваат за поевтини телефони од А-серијата А Samsung. За тоа е свесен и јужнокорејскиот технолошки гигант, кој наводно работи на поевтин флексибилен уред.
Според твитот објавен од дојавувачот chuvn8888, Samsung во 2024 или 2025 година ќе произведе поевтин телефон на превиткување кој ќе биде дел од А-серијата А компанијата.
Not happening that soon tho, 2024-2025. At least that's when Samsung aiming to release… https://t.co/qQbwgAff5Y
— No name (@chunvn8888) June 4, 2022
Во моментов не е сигурно дали „евтиниот“ преклопник ќе биде сличен на Z Fold или Z Flip моделот, но во секој случај ќе биде смартфон што ќе привлече многу корисници.
Да потсетиме дека за неколку месеци Samsung ќе ги претстави Galaxy Z Fold 4 и Z Flip 4 телефоните, кои на корисниците треба да им обезбедат неколку значајни иновации. На пример, двата модела ќе се напојуваат со најновиот Snapdragon 8+ Gen 1 чипсет и ќе имаат подобрени камери и батерии.


