Оваа налепница на шега се нарекува Coke налепница, бидејќи потсетува на еден од најпопуларните брендови во светот – Coca Cola. Во секој случај, црвениот круг со буквите Leica, најверојатно ќе се најде на новиот флегшип телефон на Xiaomi, моделот 12 Ultra.
Симбол на идентитет
Логото на Leica е симбол на идентитетот и ретко се гледа на телефоните. На пример, компанијата Huawe, која со години соработува со германскиот производител, имаше ознаки Leica на телефоните, но никогаш црвен круг, на кој било телефон.
Познатиот блогер Digital Chat Station неодамна објави дека новиот смартфон на Xiaomi ќе има ознака Leica на објективот. Имено, овластувањето за логото на Leica е многу строго, па навистина е вистински подвиг доколку Xiaomi успее да ја добие оваа ознака на својот телефон.

Carl Zeiss
Водечките vivo телефони имаат сина ознака Carl Zeiss на својот флегшип X80 модел, што значително ќе влијае на видливоста на новиот водечки телефон на vivo на пазарот. Истото важи и за Xiaomi, бидејќи црвената ознака Leica сигурно ќе ја зголеми видливоста кога станува збор за камерата на новата Xiaomi серија телефони.
Секако, не е се во печатите и налепниците, па се надеваме дека Xiaomi работи на својот модул за камера од кој навистина го очекуваме само најдоброто во секој поглед.
Засега знаеме дека Xiaomi 12 Ultra ќе има керамичко куќиште, како и дека ќе понуди црна кожна задна обвивка, која дефинитивно ќе се издвои од конкуренцијата.

