Дрон такси возилото на компанијата Volocopter е чекор поблиску до официјално пуштање во употреба
Германската компанија Volocopter објави дека нејзиниот електричен авион VTOL со четири седишта наречен VooConnect ги извршил првите летови.
Првиот лет во мај беше краток и траеше само две минути и 14 секунди, но маневрите докажаа дека аеродинамиката и перформансите на продукциско ниво функционираат во реални услови. Досега се извршени вкупно три лета.
Досегот на дронот е 96 километри, а за време на летот може да достигне брзина од 250 км/ч. Тоа можеби не е импресивно, но овој авион навистина ветува автономни транспортни летови над поголемите урбани центри. Овој дрон би можел да лета од предградијата до центарот на градот. VoloConnect е совршен партнер за VoloCity, беспилотно летало со краток дострел дизајниран исклучиво за градски транспорт.
Се очекува VoloConnect да биде достапен за патниците од 2026 година, две години по пристигнувањето на VoloCity.
Компаниујата Volocopter веќе користи неколку летечки такси за тестирање во реалниот свет и е поблиску до крајната цел од своите конкуренти.