Конференцијата Digital Day 2022, под слоганот The End of the World as We Know It, ќе се одржи на 9-ти јуни во белградскиот простор Dorćol Platz. Пријавени се сериозен број панелисти кои ќе дискутираат на актуелни теми од областа на дигитализацијата. Дигиталните технологии масовно продираат во нашите животи, но се поставува и прашањето на почитување на човековото време и потреби. Една од панел дискусиите се осврнува токму на превземањето контрола од страна на човекот врз сопственото внимание во „новиот свет“, и извлекување на максимумот од интеракцијата со технологиите.
На настанот се третира и е-трговијата. Како ќе се развива во следните децении и во која насока? Кои клучни брендови ќе доминираат во 2040 година? Гејминг индустријата се одликува со сложени односи помеѓу гејминг студијата и рекламните агенции, во фокус на се поголемото значење на брендирањето, првенствено во доминантната област на игрите за мобилни уреди. Посебно внимание се посветува и на родовата нерамноправност во животот на децата, видлива во начинот на кој се претставени одредени ликови во медиумите. Панелот кој е организиран во соработка со UNICEF, се осврнува на овие прашања, со оглед дека со глобализацијата децата денес се интензивно изложени на маркетинг и медиуми.