Кон крајот на минатата година, Intel ги објави своите Alder Lake процесори, отворајќи го патот за ерата на DDR5 меморија. На самиот почеток, цените на DDR5 меморијата беа исклучително високи, но во меѓувреме состојбата на пазарот значително се стабилизира.
ComputerBase веќе некое време ги проверува и анализира цените на DDR5 меморијата. Во првите месеци од објавувањето, DDR5-4800 мемориските модули од 32 GB чинат повеќе од 500 евра, но сега слична меморија може да се најде за помалку од 175 евра.
Тоа ја сместува цената на еден гигабајт DDR5 меморија под пет евра, а истиот гигабајт чинеше околу 15 евра на крајот на 2021 година. Само во претходниот месец цената на мемориските модули користени како референца (Kingston ValueRAM DIMM) падна за 20 отсто.
Доколку продолжи сегашниот тренд, веќе до крајот на летото би можеле да имаме ситуација цената на DDR5 мемориските модули да биде во согласност со цените на DDR4 меморијата.
Треба да се напомене дека подобрувањата во цената се најзабележливи кога станува збор за DDR5-4800 меморијата. Ако сакате модули со брзина до 6000MHz, треба да одвоите најмалку 250 евра. За се преку тоа, цените одат над 400 евра.