Полека се откриваат детали за претстојниот смартфон Galaxy Z Fold 4 на Samsung, а сега се појавија информации дека уредот ќе биде достапен и со 1TB простор за складирање.
Galaxy Z Fold 4 е преклопен смартфон што се очекува оваа година, а поголемата внатрешна меморија сигурно ќе им се допадне на оние што сакаат да складираат повеќе дигитални содржини на своите уреди. Колку ќе чини Fold 4 засега не е познато, но знаеме дека Fold 3 со 512GB внатрешна меморија се продаваше по цена 1.899 долари. Ако Fold 4 ја има истата цена, тогаш моделот со 1 TB меморија би можел да чини најмалку 1.999 долари, ако не и 2.049 долари или дури 2.099 долари.
Просторот за складирање на уредотѕ е исклучително важен бидејќи Fold 3 нема слот за microSD картичка, а неговиот наследник најверојатно ќе го следи тој пат. Она што корисникот го добива кога ќе го купи уредот е и максималната меморија што ќе може да ја користи. Поголема флексибилност и повеќе опции е добар потег на Samsung.
Претходно се појавија информации дека Fold 4 ќе биде полесен од својот претходник, како и дека ќе го покренува Snapdragon 8+ Gen 1 процесор, додека пак ќе се напојува од батерија од 4.400 mAh.