Тимот на кинески научници азви целосно автоматизиран метод на клонирање свињи.
Во Кина сурогат мајка доби клонирани прасиња добиени како резултат од метода на клонирање без човечко влијание, односно интервенција. Кина моментално е најголемиот произведувач и консумент на свинско во светот, а популацијата на свињи во оваа земја е поголема од 400 милиони.
Потрошувачката на свинско по глава на жител изнесува 30 до 35 килограми. Достапни резерви на свинско во оваа земја нема доволно, па Кина мора да увезува милиони тони скапо свинско месо секоја година. Во 2021 година увезе 3,31 милион тони свинско.
Научници од универзитетот Накаи со автоматизирана метода на клонирање основнана на AI технологија веруваат дека значајно можат да ја зголемат популацијата на свињи што ќе овозможи Кина да биде независна од увоз на свињи,
Важен е фактот дека месото од клонираните свињи не е исто како и месото во лабораторија бидејќи второто се развива од култивирани клетки подготвени во лабораториски услови. Од друга страна, клонираното месо се создава од клетки на оригинална свиња.
Кинеските научници клонираа свиња и во 2017 година со помош на роботи, но во овој случај мораше да има и човечко учество. Затоа научниците овој пат развија целосно автоматизиран процес на клонирање во кое не учествува човек.