Компанијата Apple оваа есен треба да одржи настан за да ја претстави новата iPhone 14 серија. Покрај тоа, компанијата планира да претстави и нови iPad модели. Сега пристигнуваат информации дека Apple на истиот настан би можел да претстави нова верзија на iPad Pro со екран од 14.1-инчи.
Доколку овој извештај се покаже како вистинит, тоа ќе биде првиот 14,1-инчен таблет од понудата на Apple и всушност ќе биде најголемиот таблет уред на компанијата досега. Актуелните модели на iPad Pro се достапни во две големини на екранот – 11 и 12,9 инчи.
Покрај тоа, гласините сугерираат дека новите iPad Pro модели што ќе бидат претставени оваа година ќе пристигнат со основна конфигурација на меморија од 16GB RAM и 512GB простор за складирање. Ова би можело да ги направи новите Pad Pro модели најмоќните таблети на пазарот, посебно ако се земе предвид дека тие ќе ги покренува неодамна претставениот M2 чип. На претставувањето на овој чип, Apple објавеи дека е изграден во 5 nm процес со 20 милијарди транзистори, што е за 25 проценти повеќе од оригиналниот M1. Apple најави и дека процесорот во овој чип ќе биде 18% побрз од оној во M1, додека перформансите на графичкиот процесор ќе бидат за побрзи за 35 отсто.
Се очекува дека Apple годинава ќе претстави три модели на iPad Pro. Два ќе бидат како и досега со големини на екранот од 11 и 12,9 инчи, додека третиот ќе го има споменатиот дисплеј од 14,1-инчи. Овие модели не се очекува да донесат некои големи промени во дизајнот во споредба со сегашните, но извештаите сугерираат дека моделот од 12,9 инчи би можел да пристигне со малку потенки рамки.