Поуларната платформа TikTok воведе нови контроли на времето на користење на апликацијата, како и водич за „благосостојбата“ на тинејџерите што ја користат.
Целта на новата алатка е да им помогне на корисниците да го контролираат времето што го поминуваат користејќи ја апликацијата. Со оваа промена, компанијата воведува нов контролен панел во апликацијата, кој подетално ќе следи колку долго и често се користи апликацијата.
Контролниот панел ќе содржи и статистика за времето на користење, кога апликацијата најчесто се користела, како и колку често се лансира/отвора.
Корисниците на TikTok ќе можат да постават и временско ограничување за користење на апликацијата откако ќе ја отворат.
Претходно, апликацијата нудеше контрола на времето на користење на апликацијата, кое истекуваше по одреден временски рок, но новите поставки им овозможуваат на корисниците да добијат предупредување, односно апликацијата да ги потсети да „одморат“, доколку ја држеле отворена подолг временски период.
Промените доаѓаат откако TikTok и сличните апликации се соочија со проблеми кои ги засегаат тинејџерите. Претходно оваа година, Сенатот на САД објави нацрт-закон со кој ќе се зголеми проучувањето на зависноста од социјалните мрежи во обид да се постават повеќе „заштитни огради“ за заштита на помладите корисници.
TikTok сега воведува дополнителни ограничувања за времето на користење на апликацијата за тинејџери на возраст од 13 до 17 години. Отсега па натаму, тинејџерите ќе добиваат „дигитални прашања за благосостојбата“ и ќе добиваат дополнителни потсетници за времето на користење на апликацијата откако ќе поминат повеќе од 100 минути дневно користејќи ја истата.
