HTC долго време не претставил паметен телефон, а уште подолго сме виделе некој флегшип, но тоа наскоро ќе се промени.
HTC се подготвува за настанот што има намера да го одржи на 28 јуни, а на кој ќе претстави нов смартфон. Се шпекулира дека станува збор за уред фокусиран на VR и AR технологијата со длабока интеграција на сопствената open-source metaverse платформа на HTC наречена Viverse. Телефонот требаше да биде претставен во април, но тоа не се случи поради проблеми во синџирот на снабдување.
Засега малку се знае за претстојниот уред, но познато е дека ќе го поддржува Vive Flow VR хедсетот и дека би можел да поддржува AR апликација.
HTC наводно се здружил со компаниите Taiwan Mobile, Chunghwa Telecom и FarEasTone за да го продава својот нов паметен телефон во нивното портфолио на производи.