SSD дисковите нудат голем број на предности во однос на традиционалните хард дискови, а овие прендости наскоро би можеле да станат задолжителна опција кога станува збор за Windows 11.
Се појавија гласини дека Microsoft сака официјално да постави барања за идните компјутери, кои доаѓаат со оперативниот систем Windows 11, да користат SSD како главен драјв за подигање на системот.
Ова не значи дека нема да може да да купи хард диск доколку сакате дополнителен простор за складирање. Ова само значи дека хард дискот нема да биде дискот на кој е инсталиран оперативниот систем.
Во секој случај, потребно е споменатата информација да се земе со доза на резерва, бидејќи Microsoft се уште официјално ништо не потврдил.
Microsoft моментано нема SSD-дискови наведени на листата за минимални барања кога станува збор за инсталирање на оперативниот систем. Се споменува само 64 GB или повеќе простор за складирање, потребен за Windows 11.