На острвот Вејт се пронајдени остатоците од најголемиот копнен диносаурус во Европа.
Палеонтолозите од Универзитетот во Саутемптон ги идентификуваа остатоците од овој предатор кој живеел пред околу 125 милиони години. Диносаурусот бил долг повеќе од 10 метри, тежел неколку тони, одел на две нозе и имал крокодилско лице, пишува Би-Би-Си.
Докторантот Крис Баркер кој го водеше истражувањето, рече дека станува збор за огромно животно чии остатоци се откриени на југозападниот брег на островот Вајт.
„Судејќи според некои димензии, се чини дека еден од најголемите предатори диносауруси некогаш е пронајден во Европа“, рече Баркер.
Тој истакнува дека животното живеело на лагуни и песочни рамнини каде талкало во потрага по храна.