Зад оваа интересна апликација стои Sonarworks, која е позната по своите професионални решенија за калибрирање на студиски звучници и слушалки, што овозможува персонализирање на квалитетот на звукот и обид да се извлече максимумот од слушалките за апсолутно уживање во слушањето музика.
SoundID е апликација која е специјализирана за прилагодување на звукот, во зависност од тоа кои слушалки се користат, се со цел да се подигне квалитетот на звукот на највисоко можно индивидуално ниво. Што значи тоа? Едноставно, секој ќе може да направи еден или повеќе профили за себе, кои ќе може да ги активира во зависност од тоа кои слушалки ги користи за оптимален квалитет на звукот.
Сè започнува со најавување со корисничка сметка, а потоа треба да започнете да го креирате првиот профил со избирање од долгата листа на модели на слушалки што ги поседувате (или барем најблиските до тој модел). Ова е проследено со креирање персонализиран звучен профил на прилично едноставен начин.
Имено, потребно е да се избере една од понудените песни и потоа во неколку наврати да се слушаат две варијанти на звукот (А и Б) и едноставно да се посочи која звучи подобро. Потоа ќе се креира профил што ќе се примени кога музиката се слуша преку една од поддржаните апликации. За жал, SoundID не работи на ниво на целиот систем на паметни телефони, туку само со некои апликации.
Секако, поддржани се Spotify, Deezer, Apple Music, AIMP, Power Amp, VLC и други повеќе или помалку познати апликации. За дополнително прилагодување на звукот, можно е да се поминат тестови за слух што траат меѓу шест и осум минути по креираниот профил, кои мора да се спроведат во тишина. Секако, постои и можност за рачно креирање и прилагодување на звучен профил кој ќе се применува при слушањето музика.
Во секој случај, SoundID е потполно бесплатна и мора да се признае дека резултатите се пријатно изненадувачки, иако не треба да се очекуваат чуда. Во некои случаи, работите ќе треба дополнително да се приспособат, а порано се случуваше при активирање на апликацијата за профил, репродукцијата на музика на моменти да застане (но ова беше ретко и многу кратко). Накратко – треба да му се даде шанса на SoundID.
Мобилната апликација SoundID може да се преземе бесплатно преку Google Play на Android и App Store на iOS.