Black Shark 5 серијата смартфони на Xiaomi наменети за гејмери тргна на светска турнеја, а во понудата се најдоа два модела.
На купувачите им се достапни основните и Pro моделите, додека „средниот“ RS не е дел од понудата. Двата уреда се доста слични, поседуваат 6,67-инчен AMOLED екран со FHD + резолуција и стапка на освежување од 144 Hz, магнетни pop-up прекинувачи и стерео звучници.
Исто така, двата телефона работат на Snapdragon процесор, а разликата е во тоа што Pro има Snapdragon 8 Gen 1 чип и побрза RAM меморија (6.400 MHz во споредба со 5.500 MHz), додека основниот модел има Snapdragon 870 процесор. Покрај тоа, двата уреда го користат JoyUI 13 интерфејсот базиран на Android 12.
Black Shark 5 чини 550 и 650 евра (8/128 и 12/256 GB), додека Black Shark 5 Pro чини 800, 900 и 1.000 евра во зависност од конфигурацијата (8/128 GB, 12/256 GB, 16 / 256 GB).

Една од разликите што не влијае на игрите се камерите. Pro има главна камера од 108 MP, додека основниот модел користи сензор од 64 MP. Pro моделот има и подобра макро камера, телемакро камера од 5 MP во споредба со сензорот од 2 MP со стандардна оптика.
Покрај мобилните телефони се продаваат и Black Shark JoyBuds Pro слушалките чија батерија трае 30 часа и брзо се полнат, бидејќи 15-минутното полнење е доволно за три часа користење. Исто така, слушалките се водоотпорни според стандардот IPX4. Тие се базирани на платформата Snapdragon Sound и поддржуваат aptX Adaptive технологија за висококвалитетен звук. Нивната цена изнесува 80 евра.



