Пратениците во Европскиот парламент со мнозинство гласови ја поддржаа забраната за продажба на нови возила на бензин и дизел од 2035 година, со цел да се забрза преминот на електрични возила. Гласањето е во согласност со клучните планови на ЕУ за намалување на вкупните емисии на стакленички гасови за 55% до 2030 година, во споредба со нивото од 1990 година, што е цел која бара побрзо намалување на емисиите во индустријата, енергетиката и сообраќајот.
BREAKING: Great news from #Fitfor55 votes🎉@Europarl_EN votes to phase out 100% new combustion engine cars by 2035!
15% of the EU’s total greenhouse gas emissions come from road transport. Cutting these emissions is vital if we’re going to reach our climate goals! pic.twitter.com/gQbvg9qkv2
— Greens/EFA in the EU Parliament 🌍 (@GreensEFA) June 8, 2022
Законот сепак сеуште не е конечен. Гласањето ја потврдува позицијата на Парламентот за претстојните преговори со државите членки околу конечната верзија на законот. Намерата е јасна – забрзување на трансформацијата кон електрични возила и охрабрување на производителите на автомобили поинтензивно да вложуваат во електричните погони. Некои од производителите, како Ford и Volvо, јавно го поддржаа планот на ЕУ за запирање на продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 година.
Но, сепак, интересните групи од автомобилската индустрија, вклучувајќи го и Германското здружение на автомобилската индустрија (VDA), лобираат за отфрлање на оваа цел за 2035 година. Тие сметаат дека ваквиот план ги казнува алтернативните горива со ниски емисии, и истакнуваат дека е прерано за забрана на фосилните горива со оглед на недоволно развиената инфраструктура за полнење на електрични возила.