Минатата година Huawei ги претстави своите FreeBuds 4i, претставник на средната класа на безжични слушалки кои нудат активно намалување на вревата по малку поприфатлива цена во споредба со Huawei FreeBuds Pro, а сега компанијата го претстави наследникот.
Како и минатиот пат, ANC има три режими на работа – активиран, исклучен и „awarness“, мод што е друго име за транспарентен режим. Подобрувањата на новиот модел се огледаат во многу поширокиот опсег кој ANC на овие слушалки може да го намали. Во споредба со претходниот модел, кој можеше да го намали шумот за 22 dB, FreeBuds 5i го намалува шумот за 42 dB, што е голема разлика. Покрај тоа, овој резултат е за неколку децибели подобар од оној што го дава актуеланат генерација на безжични слушалки FreeBuds Pro.
Звукот на овие слушалки се управува со динамички драјвери од 10 мм кои автоматски се прилагодуваат за да одговараат на обликот на вашата ушна школка и ви го даваат најдоброто можно аудио искуство. Овие слушалки имаат поддршка за LDAC кодек, а поседуваат и Hi-Res Audio Wireless сертификат.
Слушалките се поврзуваат со уредите со помош на Bluetooth 5.2 „multipoint“ конекција. Апликацијата за фино подесување го олеснува менувањето на изворот од кој емитувате звук, без разлика дали е на телефон, таблет, телевизор или лаптоп. Покрај тоа, тие имаат и гејминг режим што ја намалува латентноста на 95 ms.
На едно полнење, самите слушалки пружааг до 7.5 часа репродукција на аудио содржини (6 со активна редукција на вревата). Полнењето од нула до 100 проценти за слушалките трае еден час, додека 15 минути полнење е доволно за 4 часа слушање музика. Слушалките се достапни за пред-нарачки во Кина по цена од 85 евра, а во продажба треба да се најдат од 18 јуни.