Подемите и падовите на Astra продолжуваат откако нејзината ракета не успеа да достави сателити на американската вселенска агенција NASA во вселената.
Ракетата LV0010 на Astra успешно полета од Кејп Канаверал на Флорида, но имаше проблем со горната фаза по десет минути лет. Мисијата на лансирање беше да испорача два сателита на НАСА во вселената. Станува збор за мали сателити CubeSat кои треба да ѝ помогнат на НАСА подобро да го следи развојот на тропските бури. Ова се евтини сателити кои често ги прават истражувачи на колеџи и универзитети.
Како што информираат од Astra, причина за неуспехот на мисијата е предвременото исклучување на моторот од горната фаза.
Дали NASA ќе ги лансира преостанатите TROPICS сателити (планирани се вкупно 6) или двата уништени ќе бидат заменети, засега не е познато.
Astra првично се здружи со NASA во февруари во мисија да лансира сет сателити CubeSat во вселената и го направи своето прво лансирање од Кејп Канаверал. Меѓутоа, ракетата почна неконтролирано да лета по лансирањето, па товарот беше изгубен.
Досега Astra имаше две успешни орбитални лансирања од вкупно седум обиди. За прв пат стигна во орбитата во ноември, додека успешно испорача сателити во март.
Проблемите за компанијата се различни, од системи за водење до дефекти на моторот.