Провалувањето во стан или во куќа е една од оние работи за кои не сакаме да размислуваме и често мислиме дека нема да ни се случат баш нам. Сепак, статистиката покажува дека зачестеноста на провалните кражби постојано се зголемува, а значителен број од овие (не)дела се случуваат кон средината на денот, односно додека сме на работа. Исто така, бројот на кражбите е речиси двојно зголемен за време на празниците и во сезона на годишните одмори, а провалниците пронаоѓаат потенцијални жртви на различни начини, дури и преку социјалните мрежи.
Токму од овие причини треба навреме да се погрижиме за заштита и осигурување на имотот од разни ризици, меѓу кои спаѓаат и кражбите. Одредени мерки за заштита во нашата куќа, стан или викендица ќе го зачуваат највредното нешто што го имаме, но и ќе ни овозможат безгрижно да одиме на работа или на одмор, без да размислуваме што да правиме ако некој ни го обие станот или куќата. Постојат голем број ефикасни начини да си го осигурите и да си го заштитите имотот кога не сте дома.
Инвестирајте во сигурносна врата против кражби
Влезната врата против кражби е една од оние работи на кои не треба да штедиме. Пред да ја купите и да ја монтирате вратата, внимателно разгледајте ја понудата на пазарот и консултирајте се со стручни лица бидејќи денес во продажба има и противпровални врати со сомнителен квалитет, кои нема да ви обезбедат соодветна заштита во случај на кражба. Покрај квалитетот на бравата, препорачливо е да се внимава и на цврстината на шипките и спојките (шарките) што ја држат бидејќи тие се и честа мета, особено во случај кога провалниците не можат да ја скршат бравата на вратата.
Размислете за вградување аларм и безбедносни камери
Кога зборуваме за сигурно осигурување против провална кражба, секако мора да споменеме еден од најефикасните начини за заштита во модерно време – алармот! Овие безбедносни уреди се засноваат на системот на дојава, едноставни се за употреба, а можно е да се додадат и сензори во случај на пожар. Покрај алармните системи, многу сопственици на недвижен имот се одлучуваат и за видеонадзор преку безбедносни камери, кои се покажаа како одличен начин за заштита од кражби на куќи и на викендици. Како дополнителна (и доста евтина) мерка за заштита можете да вградите и сензорски светла, кои ќе го збунат провалникот и на тој начин, можеби, ќе спречат кражба во вашиот дом.
Погрижете се куќата или станот да изгледаат празни
Постојат низа мали трикови со кои можете да оставите впечаток дека се наоѓате во станот дури и кога долго време сте отсутни од дома. Еден од најдобрите совети е секогаш да ги оставате подигнати завесите или ролетните, како и да ги замолите лицата од доверба, во ваше отсуство барем еднаш дневно да дојдат да го проверат станот, да ги вклучат светлата и да ги отворат прозорците. Покрај тоа, важно е да бидете во добри односи со соседите и да им оставите телефонски броеви каде што ќе можат да ве контактираат доколку е потребно.
Не објавувајте „на цел глас“ дека одите на пат
Во денешно време многу луѓе објавуваат повеќе информации на социјалните мрежи отколку што треба, а онлајн „известувањето“ за одење на летување и на одмор е само една од тие одвишни работи. Имајте на ум дека повеќето работи што ги објавуваме на интернет се јавни и достапни за широк опсег на луѓе, иако понекогаш не изгледа така. Ако сте на пат неколку недели, замолете ги пријателите или соседите да го испразнат вашето поштенско сандаче или да ја земат поштата што, можеби, е оставена пред влезната врата. Во спротивно, ова е јасен знак дека долго време сте отсутни од дома и може да им дадете „зелено светло“ на потенцијалните провалници.
Не оставајте готовина, банкарски картички и други вредни предмети во станот
Без разлика дали се работи за пари, кредитни картички, но и други работи од материјална и емоционална вредност, како семеен накит или уметнички дела, најдобро е да ги чувате на безбедно место. Тоа може да биде сеф (по можност на локација надвор од станот), а вредниот имот можете да им го оставите на чување на луѓето од доверба.
Во случај на непосакуван настан во домот сигурно би сакале повторно сѐ да биде како што било претходно. Осигурувањето на семејната куќа или на станот ги покрива ризиците што можат да го уништат сето она што вредно сте го создавале со години. Санирањето на последиците од вакви непредвидливи настани и обновувањето чини многу и долго трае, но само доколку домот и предметите во него не се осигурени. Токму поради тоа, осигурителната заштита на домаќинството претставува една од најумните и најважни животни инвестиции во поглед на заштитата и сигурноста на домот.
Кроација осигурување – неживот нуди различни пакети за домаќинско осигурување, согласно со расположливиот буџет и потребите. Во основниот пакет е опфатен широк обем на ризици, и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, бура, град, паѓање на воздушни летатала, манифестација и демонстрација, излевање вода од водоводните и канализациските инсталации и уреди и цевки од топловодните инсталации, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, провална кражба и разбојништво, трошоци за нужно сместување.
Стандардниот пакет, покрај ризиците од основниот пакет, дополнително ги содржи и следниве осигурени ризици: излевање вода од водоводните цевки и од канализациските инсталции, поплава, порој и високи води, снежна лавина, лизгање и одронување на земјата, кршење стакло на прозорците и на вратите на станбениот објект.
Третиот пакет домаќинско осигурување е премиум пакетот, кој, покрај ризиците од стандардниот пакет, дополнително опфаќа и излевање вода од аквариум, тежина на снег, атмосферски води, удар на непознато возило, удар од паѓање дрво, вандализам, кршење стакла на застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи, промена на брава и изработка на нови клучеви во случај на изгубени или заклучени клучеви. Овој пакет на осигурување содржи и ситни поправки во домот максимум двапати за времетраење на полисата.
Домаќинското осигурување на Кроација е вклучено и во сите CRO пакети со кои се обезбедува дополнителен попуст на годишната премија. Поволноста кај CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR пакетите е што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па секој може да најде најповолен пакет за сопствените потреби. Со нив е опфатено домаќинското осигурување, осигурувањето патнички возила, осигурување од незгода, како и здравственото осигурување.