Се очекува Apple да ги претстави iPhone 14 уредите во септември, а познатиот и доверлив аналитичар Минг-Чи Куо го најавува најголемиот напредок на предната камера од iPhone 11.
Селфи камерата ќе има автофокус, што значи откажување од FF решението (фиксен фокус) за прв пат во историјата на компанијата. Ќе има 6P објективи и отвор од f/1,9.
Префрлањето на AF (автофокус) ќе ја подобри разновидноста на предната камера бидејќи луѓето се повеќе се потпираат на предната камера за „сериозни“ видеоповици, но и за креирање содржина наменета за социјалните мрежи.
Главниот снабдувач на објективот ќе биде Genius, додека CCM (CMOS камера модул) ќе го произведуваат LG Innotek и Cowell.
Сензорот и овојпат ќе биде производ на Sony, а уште не е познато дали ќе се разликува од сегашните 12 MP модули на јапонскиот производител.