Telegram е една од најпопуларните апликации за размена на текстуални и гласовни пораки во светот, a според информациите достапни на веб-страницата Statist, Telegram го користат повеќе од 550 милиони корисници месечно, што го става на шестото место на најпопуларните апликации од овој тип.
Се разбира, ништо не може да се спореди со неприкосновениот WhatsApp што го користат повеќе од две милијарди луѓе, но Telegram полека добива се повеќе и повеќе публика, пред се поради шифрирањето на податоците и целосната приватност што ја обезбедува. Во овој момент, Павел Дуров, креаторот на Telegram, го претстави планот за Premium верзијата.
Telegram Premium
Според порталот Howtogeek, Павер Дуров вели: „Нашите придобивки за количината на податоци за текстуални и гласовни пораки, фотографии, видеа и фајлови се најдобри во светот. Сепак, корисниците бараат дополнително да го подобриме овој сегмент од нашата услуга, па затоа истражувавме различни начини за тоа. Ако ја прошириме количината на податоци што секој корисник може да ги сподели, трошоците за одржување на серверот би станале неподносливи.
Затоа, Telegram Premium ќе се појави подоцна во јуни и ќе донесе нови функционалности, додека парите од претплатата ќе го поддржат развојот на оваа апликација. Покрај тоа, корисниците на Premium ќе можат да ги испробаат новите функции на оваа апликација,пред другите корисници кои не плаќаат премиум претплата.
Што е уште поважно, функционалностите кои Telegram моментно ги обезбедува, барем засега, нема да бидат заклучени зад претплатата. Така, сèто она што го може Telegram сега ќе остане бесплатно за сите вас кои го користите. Се разбира, како што изјави Дуров: „Сето тоа може да се промени во иднина“. Целосното соопштение можете да го прочитате тука.
Цена
Телеграм во моментов официјално ја нема објавено цената на премиум претплатата, но според бета тестирањето на оваа функционалност, таа треба да изнесува 4,99 долари месечно, што е сосема прифатливо за сите оние кои сакаат да ја осигураат својата приватност и да добијат пристап до најновите функции.
Конечната цел на компанијаta секако е претворање на што повеќе корисници во оние кои плаќаат за услугата за користење на оваа апликација. Засега можеме само да се надеваме дека сите актуелни функционалности на Telegram ќе останат бесплатни.


