На крајот на оваа или почетокот на следната година се очекува првиот VR уред, а неговиот наследник, како и првите Apple AR очила ќе пристигнат втората половина на 2024 година
Откако неодамна Apple ги објави новите верзии на софтвер за своите уреди, но и новата генерација на MacBook Air, оваа недела се појавија информации за претстојните производи на компанијата. Аналитичарот Џеф Пукомент ги коментираше новите уреди кои компанијата има намера да ги претстави во следните две години, а со кои планира да влезе на целосно нов пазар – проширена и виртуелна реалност.
Претходните информации говореа дека првиот модел на VR очила, Apple би можел да го претстави на минатонеделната конференција, но сепак ќе треба да почекаме во втората половина од годината, или до почетокот на следната.
Новите информации што ги објави Пу се однесуваат на втората половина на 2024 година. Според нив, Apple тогаш би требало да претстави дури два такви уреди – наследникот на првите VR очила, но и своите први очила со поддршка за проширена реалност.
Иако не се познати официјалните детали за овие очила, благодарение на досегашните гласини, отприлика знаеме што да очекуваме. Дизајнот на очилата би требало да биде сличен на класичните очила за вид, така што технологијата на нив да не биде во преден план. Очилата, како и првата генерација на паметниот часовник на Apple, би требало да бидат „зависни“ од iPhone, односно уредите ќе се спаруваа за да може информациите и известувањата кои пристигнуваат на iPhone да се прикажуваат и на очилата.
Што се однесува до VR уредот, тој треба да биде поголем и помоќен и да има многу поголеми можности, односно можност за прикажување на AR и VR содржина во висока резолуција. Тоа би требало да биде самостоен уред што нема има потреба да се поврзе со iPhone. Првата генерација на овој уред можеме да ја очекуваме за помалку од една година, а според Џеф Пу, Apple би можел да го претстави неговиот наследник веќе во втората половина од 2024 година, заедно со AR очилата.
