Со се почестите временски непогоди и поизразени бури кои вообичаено се придружени со грмежи, ова е апликација која почнува да добива на значење. Имено, овозможува следење на удари на гром во речиси реално време и информира кога се приближува невреме со грмотевици.
My Lightning Tracker е убаво дизајнирана апликација, која е специјализирана за следење на удари од гром низ светот во речиси реално време, а со тоа станува потенцијално многу корисна бидејќи навреме предупредуа кога се приближува бура со грмотевици, земајќи ја предвид локацијата на корисниците.
Во апликацијата доминира мапа во која јасно се означени ударите од гром, а покрај тоа што е можно да се следат речиси онака како што се појавуваат, постои и можност за историски преглед и на тој начин да откриете каде во светот громовите се најчести и најизразени.
![]()
И покрај тоа што е можно да се прегледуваат приказите на мапите, многу поважна карактеристика на оваа апликација е фактот што може да испрати известување дека се приближува бура со грмотевици, и на тој начин да стави до знаење дека се откриени молњи во близина (можно е да се прилагоди радиусот во кој ќе се активираат известувањата). За секоја означена локација, можно е да се видат и нешто подетални информации, а има и радар кој го олеснува следењето на движењето на бурите.
Мобилната апликација My Lightning Tracker може да се преземе бесплатно преку Google Play на Android и App Store на iOS. Основната верзија прикажува реклами, но тие можат да се решат со купување на Pro верзијата за 2 евра.


