Poco веќе неколку дена го најавува Poco F4 5G, а компанијата веќе потврди дека телефонот ќе го покренува Snapdragon 870 чипсет и дека уредот ќе има LiquidCool 2.0 систем за дисипација на топлина за трајни перформанси. Денеска Poco објави дека F4 5G ќе доаѓа со 12 GB LPDDR5 RAM меморија и ќе има UFS 3.1 простор за складирање.
За Poco F4 5G се вели дека е единствената глобална верзија на Redmi K40S телефонот со примарна камера со повисока резолуција (64 MP наспроти 48 MP). Беше забележан и на Geekbench со 8GB RAM (веројатно најслабата верзија), а протечените фотографии открија дека примарната камера од 64 MP ќе има оптичка стабилизација.
Redmi K40S беше претставен во март и доаѓа со 6,67-инчен FullHD+ 120 Hz AMOLED дисплеј, селфи камера од 20 MP, страничен читач за отпечатоци, стерео звучници и батерија од 4500 mAh со полнење од 67 W.
Нејасно е кога ќе биде претставен Poco F4 5G, но можеме да очекуваме Poco да открие повеќе за паметниот телефон во наредните денови.
Вчера се појавија и гласини дека Poco F4 5G ќе биде последниот претставник на Poco F4 серијата, бидејќи лансирањето на Poco F4 Pro верзијата е откажано. Pro верзијата требаше да доаѓа со Dimensity 9000 процесор (чип што е во опсегот на Snapdragon 8 Gen 1) и требаше да има 2K AMOLED екран и исто така да поддржува Dolby Vision.
Мораме да напоменеме дека ова сè уште се неофицијални тврдења и дека не гледаме причина за откажување од овој навидум одличен модел.