Минатиот месец Xiaomi ја претстави седмата генерација на својата популарна паметна нараквица во Кина – Xiaomi Band 7. Иако оваа алка допрва треба да биде претставена на глобално ниво, Xiaomi Band 7 наводно веќе е достапен за купување во Европа.
Пред се, Xiaomi Band 7 доби повеќе сертификати во Сингапур, што укажува на неговото неодамнешно воведување на глобалниот пазар. Покрај тоа, се известува дека Xiaomi Band 7, како и Xiaomi Smart Band 7 (што е вообичаеното име на нараквицата за европскиот пазар) веќе некое време е достапен во Полска. Веројатно не се работи за кинеска верзија, со оглед на тоа што кутијата на нараквицата не покажува никакви детали на кинески.
Покрај тоа, објавено е дека оваа нараквица е веќе достапна за глобално купување на Ali Express. Во секој случај, за официјалната продажба на Xiaomi Band 7 на светскиот пазар ќе треба да почекаме уште малку време. Се очекува Xiaomi да го објави глобалнниот датум на лансирање на слката во наредните денови.
Се шпекулира дека Xiaomi оваа година би можел да претстави и Pro верзија на оваа нараквица – Xiaomi Band 7 Pro. Што се однесува до спецификациите, се наведува дека Band 7 Pro ќе донесе поголема батерија во однос на стандардниот Xiaomi Band 6 за 70 mAh, што би можело значително да го зголеми времето на користење на нараквицата. Покрај тоа, Xiaomi Band 7 Pro наводно ќе ја донесе долгоочекуваната функција на Xiaomi Band, што е поддршка за GPS. Се работи за многу важна функција и се чини дека Xiaomi конечно ќе ја донесе на својата популарна паметна нараквица. Наводно, Xiaomi Band 7 Pro ќе има и поголем екран во однос на обичната верзија на нараквицата.


