Согорувањето е многу опасен процес кој е штетен по здравјето, без разлика дали се работи за согорување на гориво или внесување на храна, за чија подготовка се користат маснотии на високи температури.
Свесни за опасностите кои демнат при согорувањето, научните и технолошките истражувања се погрижија овој процес трајно да биде елиминиран од секојдневниот живот. Денес само се лицитира годината кога „обичните“ возила на дизел и гориво засекогаш ќе им ги препуштат улиците на хибридите, а ништо помалку внимание не предизвикува и моментот кога ќе дојде до вечно гаснење на оганот од цигарите. Науката во последните години откри помалку штетно решение и во таа област.
Во однос на цигарите, современите алтернативи засновани на принципот на загревање на тутунот не го согоруваат тутунот, со што се елиминираат и другите штетни својства кои настануваат при палење на цигарите.
Кои се клучните разлики помеѓу двата процеса?
Кога ќе се запали цигара, тутунот почнува да гори и се создава тутунски чад преку кој пушачите внесуваат не само никотин, туку и повеќе од шест илјади супстанции, од кои многу се штетни. Меѓу нив се и јаглерод моноксид и катран.
Што се постигнува со загревањето?
Научно засновани алтернативи без чад кои го загреваат тутунот, испорачуваат никотин без согорување и ослободување на тутунскиот чад. На овој начин драстично е намалена изложеноста на штетни материи во однос на пушењето цигари. Современите алтернативи на пушењето базирани на оваа технологија испуштаат аеросол, чиј состав значително се разликува од составот на чадот од тутунот.
Научните студии потврдија дека аеросолот содржи до 95 отсто помалку штетни материи во однос на чадот од цигарите, поради што се поголем број здравствени експерти им препорачуваат на возрасните пушачи кои не сакаат да се откажат од пушењето, да се префрлат на помалку штетни алтернативи. Она што го сугерираат е дека со употребата на овие уреди се избегнуваат штетните продукти од согорувањето, кои се наоѓаат во тутунскиот чад, при што не изостанува консумирањето на тутун на помалку штетен начин.
Што е најдобро решение?
Најдобрата одлука за секој пушач е во целост да се откаже од тутунот и никотинот. Исто така, трајниот прекин на долгорочните навики не е лесен, па има и такви кои и покрај тоа што се свесни за негативните ефекти од пушењето, сепак нема да се откажат од цигарите. Ним им требаат вистинските информации за тоа дека денес постојат научно засновани алтернативи во светот, кај кои целосниот премин од цигарите е подобар избор отколку да продолжат да пушат.