Apple конечно би можел да ја имплементира посакуваната и очекувана технолошка надградба во својот основен модел на iPad.
Извори на порталот 9to5Mac тврдат дека следната верзија на основниот таблет на Apple ќе добие USB-C порт наместо lightning, по лансирањето оваа есен.
Како и најновите модели на iPad, корисниците ќе можат директно да го поврзат таблет уредот со монитори и други периферни уреди, што ќе ја подобри брзината на безжичниот пренос на податоци.
Има најави и за поширока надградба на перформансите. Новиот достапен iPad, наводно ќе има поголем екран (10,5 инчи наместо 10,2), со иста резолуција како iPad Air, но не се очекува исти квалитет на сликата како кај поскапиот Air.
Apple би требало да го опреми овој iPad со A14 Bionic чипсет, додека варијантите со мобилна конекција треба да добијат поддршка за 5G.
Нема информации дали Apple ќе го освежи дизајнот на iPad, како и дали ќе понуди поддршка за втората генерација Magic Keyboard или Apple Pencil.
Основниот iPad е последниот модел од таблет уредите на Apple што користи lightning порт, Home копче и други функции кои се присутни повеќе од една деценија. Доколку гласините се точни, новиот iPad ќе влезе во модерна ера со модерни карактеристики.

