Новите технологии секоја година стануваат се поскапи. Многумина би рекле дека плаќаме премногу пари за многу уреди, посебно за паметните телефони. Сепак, според пазарните прогнози на Mozillion, а кои ги пренесува порталот Gizchina, ова е само почеток, бидејќи за десет години не очекуваат флегшип iPhone уреди со цени од над 2.000 долари или евра. Што, како и зошто?
Тековни трендови
Откако Samsung Galaxy Note 8 дојде многу блиску до границата од 1.000 долари за основниот модел (960 долари), а посебно откако iPhone X ја донесе цената од 1.000 долари, светот на мобилните телефони не беше повеќе ист. Во овој момент, речиси и да нема флегшип уреди од некој од најголемите светски производители кои чинат помалку од илјада долари или евра:
- Samsung Galaxy S22 Ultra – 87.000 денари за моделот 12/256
- iPhone 13 Pro Max – 79,999 денари за моделот со 128GB простор за складирање
- Huawei P50 Pro – 68.990 денари за моделот 8/256
Зголемување на цените
Во овој момент е можно процентуално да се прикаже трендот на зголемување на цените на смартфоните во текот на претходните десет години
- iPhone – зголемување на цената од 69,5% од 2012. година до денес
- Samsung – зголемување на цената од 184% во изминатите десет години
- OnePlus – зголемување од 142% од 2012.
- Sony – зголемување на цената од 105% во период од десет години,
- Nokia – зголемување на цената од 55% во изминатите десет години.
Идни предвидувања
Значи, што точно не чека во иднина? Од една страна, постојат конзервативни прогнози водени од моментните проценти на зголемување на цените. Да го земеме за пример Samsung Galaxy S22 Ultra, еден од најдобрите уреди оваа година.
Со цена од 79.990 денари кај овластените продавачи на домашниот пазар и со процентуален пораст на цената од 184% во изминатите десет години, доаѓаме до заклучок дека овој телефон во 2032 година би можел да чини дури 159.000 денари, што во евра, по денешниот среден курс изнесува 2.566 евра.
Од друга страна, нема гаранции дека поскапувањето ќе биде исто како досега, па може да дојде и до повисоки цени. Како што се развива трендот, некако не ни се чини дека ќе дочекаме овие уреди да поевтинат со текот на годините.