Компанијата Microsoft работи на тоа да овозможи играње игри преку својот сервис Microsoft Teams.
Јасно е дека игрите како Halo и Forza нема да може да се играат преку Teams во скоро време, но потегот на Microsoft јасно покажува дека со игрите се обидува да го подобри искуството на користење на Teams. Покрај деловната комуникација, целта е да се понуди и начин на забава, односно да се продолжи да се балансираат потребите за хибридно и далечинско работење.
Microsoft засега тестира само класични игри од понудата на Casual Games, па не е сигурно дека ќе интеграцијата ќе им биде понудена на корисниците. Засега нема официјален коментар од компанијата.
Покрај тоа, во Microsoft размислуваат и за виртуелен простор во Teams како дел од поширокиот план за метаверс, и претходно објавените амбиции кои вклучуваат 3Д аватари и имерзвни состаноци кои треба да бидат достапни во Microsoft Teams оваа година.
Microsoft континуирано додава нови способности во Teams со фокус на далечинското работење. Together Mode беше едно од првите додатоци во ерата на пандемијата што беше претставен пред речиси две години, а апликацијата постојано е унапредувана со различни подобрувања.

