WhatsApp официјално понуди можност за пренос на историјата на разговори од Android на iPhone откако претходно го овозможи обратниот процес.
Новата функција ја најави Извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг преку објава на Facebook.
Надградбата го реши долгогодишниот проблем на WhatsApp, кој традиционално го отежнуваше преносот на разговорите помеѓу Android и iOS. Лесно е да се префрли разговорот од еден iOS уред на друг или од Android на Android, но генерално не помеѓу два различни оперативни системи.
Процесот на пренос работи само на новите iPhone уреди или оние што се ресетирани на фабрички поставки и ја користи апликацијата Move to iOS за Android, која веќе помага во преносот на контакти, календарски записи, текстуални пораки и друго. Во текот на подесување на iPhone, треба да ја изберете опцијата „Move data from Android“, а потоа да ги следите чекорите во апликацијата за Android. Кога iPhone е целосно подесен, треба да го вклучите WhatsApp и да се најавите користејќи го истиот телефонски број. Потоа ќе се појават сите претходни разговори од Android.
За трансферот е потребно да се има Android 5 или понов систем на уред со Android или iOS 15.5 или понова верзија на iPhone. За жал, ако корисникот веќе има постоечка историја на разговори на iOS, неа ќе ја замени увезената историја на разговори на Android.