Компанијата Nothing веќе некое време ја загрева публиката, давајќи само по некоја информација за тоа што донесува нивното деби кога станува збор за мобилните телефони, Nothing phone (1). Најпрвин, добивме шанса да ја видиме (и доживееме) корисничката околина што ќе ја има овој уред. Потоа добивме информации за некои технички спецификации, а сега конечно имаме можност да видиме како точно ќе изгледа тој „проѕирен“ заден дел на овој уред.
Дизајн
Првиот впечаток на овој бел мобилен уред е дека дизајнот е апсолутно минималистички, но не е ни половина проѕирен колку што замислувавме. Белата боја, за која ни се чини дека е матирана, на уредот му дава еден „чист“ изглед. Сепак, мораме да нагласиме дека овој уред воопшто не изгледа здодевно.
Иако не дава целосен увид во внатрешните компоненти на начин на кој очекувавме, има доволно увид за да го направи изгледот необичен. Исто така, постојат неколку различни текстури кои прават сегментите на овој уред да изгледаат како посебни целини. Интересно, необично и интересно.
Bold. Warm. Full of soul.
A return to instinct.
This is phone (1).
Tune in on 12 July to hear all about it: https://t.co/FEJL4Jb2Aw pic.twitter.com/5XUbvo8dwZ
— Nothing (@nothing) June 15, 2022
Видливи компоненти
Од компонентите што ги гледаме на задната страна на Nothing phone (1), се издвојуваат две камери со засега непознати карактеристики, а има и калем за безжично полнење на овој телефон, кој го зазема централниот дел од задниот дел на екранот.
Покрај тоа, забележуваме неколку ленти кои ќе светат. Тие се наоѓаат точно околу калемот за безжично полнење, околу модулот со две камери, а има уште една права вертикална линија при дното на телефонот и една закосена лента во горниот десен агол на екранот. Токму тие светлосни ленти се она што беше видливо на првиот постер за Nothing phone (1), кога беше најавено дека новиот телефон ќе пристигне на лето.
Познати спецификации
Како што пренесува порталот Techcrunch, Nothing phone (1) најверојатно ќе има мобилен чипсет Qualcomm Snapdragon 7 Gen 1. Останатите карактеристики вклучуваат рециклирана алуминиумска рамка на уредот, а другите спецификации засега се непознати. Повеќе ќе дознаеме на 12 јули, за кога е планирано претставувањето на овој уред пред јавноста.