Galaxy Z Fold4 е следниот премиум флексибилен смартфон на Samsung кој треба да се појави во јавноста на 10 август, заедно со преклопниот Galaxy Z Flip4. Засега немаше конкретни информации за техничките спецификации на овој уред, но сега се појавија првите карактеристики на Geekbench, кои ги пренесува GSMArena.
Технички карактеристики
Samsung Galaxy Z Fold4 е тестиран на Geekbench под ознаката SM-F936U, што сугерира дека ова е верзија на уредот која ќе се појави на американскиот пазар. Овој телефон работи со Android 12 оперативнииот систем.
Процесорот што се наоѓа во уредот е Snapdragon 8+ Gen 1, најбрзиот чип оваа година и истиот што треба да се најде во Samsung Galaxy Z Flip4. Покрај тоа, забележани се и 12GB RAM. Овој телефон се очекува да има повеќе простор за складирање од неговиот претходник, до максимум 512 GB.
Samsung Galaxy Z Fold4 треба да користи батерија со ист капацитет како Z Fold3 – 4.400 mAh, но во малку потенко куќиште. Покрај тоа, нерамнината на местото на преклопувањето на екранот би требало да биде многу помалку забележлива.
Резултати
Што се однесува до резултатите што овој уред ги постигна во Geekbench, тие се следни:
- 1.351 поени во тестовите со користење на едно процесорско јадро
- 3.808 поени во тестовите кои користат повеќе процесорски јадра
Да потсетиме, минатогодишниот модел освои 921 поен во тестовите кои користат едно процесорско јадро и 2.968 поени во тестовите кои користат повеќе процесорски јадра. Ова се значителни подобрувања. Исто така, резултатите се малку подобри од Samsung Galaxy Z Flip4, кој освои 1.277 и 3.642 поени користејќи идентичен чипсет.