ProCam се наметнува како задолжителна опрема за сите љубители на мобилната фотографија кои имаат iPhone. Апликацијата нуди напредни контроли за рачно управување со параметрите на фотографиите и многу други можности, со што станува ултимативна камера на iPhone.
Мобилната фотографија сериозно напредуваше со текот годините, а хардверот вграден во паметните телефони станува се помоќен и поспособен, што на крајот е добра вест за апликациите кои почнаа да ги наметнуваат своите можности како сериозни решенија за уште посериозна фотографија.
ProCam 8 е напредна камера дизајнирана за iPhone, која не само што нуди рачни контроли со поддршка за фотографирање во RAW формат, туку нуди и можности и функционалности слични на оние што може да се најдат кај DSLR фотоапаратите, кои овозможуваат со веќе стандардно квалитетната фотографија на iPhone, од сликата да се извлече максимум со високо ниво на креативна слобода.

Апликацијата нуди неколку режими на фотографирање: Photo, Burst Mode, Slow Shutter, Portrait Mode (поддржан на сите iPhone уреди со двојна леќа), 3D Photo, Video и Time Lapse. Последната функција открива и дека ProCam нуди и можност за снимање видеа, а има и опции поврзани со пост-обработка на видео записи. Но, тоа е само јаготка на шлагот.
ProCam 8 дефинитивно спаѓа во категоријата на апликации кои можат сериозно да им конкурираат на DSLR фотоапаратите, нудејќи некои навистина напредни функции, што значи дека цели на попребирливите и напредни корисници кои ќе го знаат ова високо ниво на флексибилност максимално да го искористат.
Оние другите, со цел во целост да ги искористат предностите на она што го нуди ProCam, дефинитивно треба да прочитаат неколку упатства достапни на официјалната веб-страница. Потоа, речиси да нема сомнеж за тоа, никој нема да размислува да плати 9 евра, колку што чини оваа одлична камера апликација за iPhone.


