Веројатно сте слушнале секакви совети како да ја одржувате одличната состојба на батеријата на вашиот мобилен телефон што е можно подолго. Доволно да се почне со вечната дебата за тоа дали смартфонот треба да се поврзе на полнач кога неговата батерија ќе достигне 0 проценти, или кога е некаде околу 20 отсто. Време е да се застане на пат на дезинформациите и да се погледне што точно треба да правите со батеријата на вашиот мобилен уред и што треба да избегнувате.
Полнење преку ноќ – да или не?
Некои велат дека оставањето на телефонот на полнач преку ноќ ја оштетува батеријата, додека други се убедени дека тоа е глупост. Од една страна, современите уреди имаат чипови кои спречуваат преоптоварување на батеријата, што треба да го подобри зачувувањето на нејзиниот капацитет, дури и кога ќе го оставите уредот на полнач преку ноќ.
Од друга страна, кога вашиот телефон е целосно наполнет до 100% и полнењето е исклучено, во моментот кога капацитетот на батеријата ќе падне на 99%, полнењето ќе се рестартира, освен ако смартфонот нема некои софтверски контрамерки. Ова однесување може да има штетен ефект врз батеријата, намалувајќи го нејзиниот расположлив вкупен капацитет со текот на времето.
Треба да се има предвид дека процесот на полнење на батеријата не е линеарен, но полнењето се врши многу побрзо кога батеријата е празна. Како што се зголемува капацитетот, станува сè потешко полнењето на батеријата, така што на новите смартфони им треба исто време да ја наполнат батеријата од 0 до 90% и од 90 до 100%.
Дополнително, паметните телефони, посебнио оние со посилни чипсети, можат да станат жешки ако ги оставите на несреќно место, како што е чаршаф, под перница или ако ги покриете со книга или списание.
Литиум-јонските батерии се препорачува да се полнат почесто во текот на денот, кога батеријата ќе достигне критично ниско ниво, што е практика што го задржува капацитетот на батеријата подолго отколку кога го полните телефонот само еднаш дневно.
Капацитетот на батеријата мора да достигне нула пред полнење – да или не?
Ова е апсолутно неточна информација. Всушност, ова е сосема спротивно од она што треба да го направите. Идеално, вашата батерија не треба ни да се приближи до нула пред да ја приклучите на полначот, бидејќи оваа практика може да доведе до оштетување и намален капацитет со текот на времето.
Доколку сакате да ја зачувате максималната батерија на вашиот паметен телефон, не дозволувајте таа да достигне граница од 10%, или уште подобро 20%. Значи, штом е некаде околу дваесет проценти, правец на полнач. Потоа, наполнете ја батеријата до 80% или максимум 90%, па никогаш до максимум. Ова се идеални услови кои обезбедуваат минимално абење на батериите базирани на литиум-јонска/литиум-полимер технологија.
Батериите во телефоните траат само неколку години – да или не?
Животниот век на батеријата на смартфонот се изразува во бројот на циклуси на полнење. Така, секој пат кога ќе потрошите 100% од батеријата или комбинирано ќе потрошите и ќе ја дополните батеријата до 100%, го намалувате траењето на батеријата за еден циклус на полнење.
На пример, ако вашиот смартфон има 80% капацитет на батеријата, трошите 50 проценти, а потоа го полните телефонот до 80%, сте користеле само еден циклус на полнење. Значи, и полнењето и празнењето кое збирно изнесува 100% од капацитетот претставува еден циклус.
На пример, Apple тврди дека повеќето iPhone уреди имаат 400 до 500 циклуси на полнење пред да започне деградацијата на батеријата. После тоа, ќе мора сè почесто да го поврзувате телефонот на полнач.
Ова не значи дека е крај кога ќе се исполни предвидениот број на циклуси на полнење. Батеријата ќе трае, но нејзиниот капацитет постепено ќе се намалува, на пример по 500 полнења, па може да се очекува сè почесто полнење. Така што, технички секоја батерија има свој животен век, но тоа не мора да биде само неколку години, и зависи од полначот и батеријата.
Заклучок
Доколку сакате да обезбедите максимален век на траење на батеријата со најдобри можни перформанси, немојте да ја дополнувате преку ноќ, не дозволувајте капацитетот да падне под 20% пред полнење и не држете го телефонот постојано на полнач. Барем направете се што можете, кога веќе батериите се толку чувствителни.