Подобрениот и посеопфатен Кодекс за сузбивање дезинформации на интернет треба да биде важен чекор кон потранспарентно, побезбедно и подоверливо онлајн опкружување
Европската комисија објави дека е постигнат договор за подобрен Кодекс за борба против дезинформациите. Тој беше поддржан од дури 34 потписници, како што се платформи, технолошки компании и граѓански организации. Изготвувањето на новиот Кодекс се раководеше според насоките на Комисијата од 2021 година, а беа земени предвид и искуствата стекнати за време на кризата предизвикана од Ковид-19 и руската инвазија на Украина.
Новиот Кодекс сеопфатно и јасно ги поставува обврските на платформите и секторите во борбата против дезинформациите, и тој е уште еден важен чекор кон потранспарентно, побезбедно и доверливо интернет опкружување. Заедно со неодамна договорениот Закон за дигитални услуги и претстојните регулативи за транспарентност и таргетирање во политичкото рекламирање, подобрениот Кодекс е еден од клучните делови на пакетот инструменти на Комисијата за борба против дезинформациите во Унијата, соопшти Европската комисија.
Кодексот го потпишаа Meta, Google, Twitter…
Меѓу 34-те потписници се големите интернет платформи, првенствено Meta, Google, Twitter, TikTok и Microsoft, како и голем број други актери како што се помали или специјализирани платформи, секторот за рекламирање на интернет, рекламни технолошки компании, проверка на факти, граѓанско општество или оние кои нудат специфична експертиза и системи за борба против дезинформациите.
Примарната цел на Кодексот е да се намали количината на дезинформации со кои се манипулира јавноста. Тие вклучуваат борба против лажни кориснички сметки, ботови кои пропагираат лажни информации, употреба на длабоки лажни технологии за дезинфорање и слично. Освен што ќе бидат блокирани познатите техники на дезинформирање и ширење на лажни вести, потписниците на Кодексот ќе имаат обврска одвреме навреме да го ревидираат својот пристап, тактики и процедути и да ги прилагодуваат на новите однесувања на малициозни актери.
Our new anti-disinformation Code marks a new stage of our comprehensive answer to #disinformation.
We now have tough commitments to reduce #disinformation impact online & robust tools to ensure compliance across the EU and in all languages.
👉 https://t.co/Cg4ZeRj4sJ#DigitalEU pic.twitter.com/YUSNqFWliC— Věra Jourová (@VeraJourova) June 16, 2022
Сите мерки од Кодексот потписниците мораат да ги имплементираат во следните шест месеци, а првите извештаи за спроведувањето ќе треба да ги достават до Комисијата на почетокот на 2023 година.
Одредени промени треба да бидат видливи и од страна на корисникот. Пред се, тие ќе можат да означат и да пријават содржина како дезинформативна, а таквите алгоритми за содржина ќе мора помалку да ги прикажуваат. Механизмот за поплаки ќе мора да биде транспарентен, а дополнително, потписниците дополнително ќе ги едуцираат своите корисници во областа на медиумската писменост и критичко размислување. Освен првите 34 потписници, кодексот е отворена и за останатите кои сакаат да му се приклучат.