Според аналитичарот Рос Јанг, Apple се подготвува следната година да претстави MacBook Air со 13 инчен OLED дисплеј, но можно е уредот да има и друго име. Информациите беа споделени на Twitter, но се достапни само за корисниците со претплата или таканаречените Super Followers.
Јанг, кој веќе откри точни информации за дисплеите на iPhone 13 Pro, iPad mini, MacBook Pro итн., очекува во 2024 година Apple да додаде OLED екрани и на 11 и 12.9-инчниот iPad Pro. Според него, дисплеите во трите уреди ќе имаат посебна структура и ќе користат LTPO технологија за променлива брзина на освежување помеѓу 1Hz и 120Hz.


