Откако Microsoft објавил дека ја гаси поддршката за Internet Explorer и го праќа во дигитална пензија, социјалните мрежи бea преплавени со спомени и досетки на сметка на овој пребарувач. Еден Јужнокореец бил толку емотивен поради оваа ситуација, па му кренал надгробен споменик на славниот интернет пребарувач.
Ерата на Internet Explorer е завршена. Microsoft ја прекина целосната поддршката за веб-пребарувачот на 15-ти јуни, спуштајќи ја завесата над 27-годишното наследство кое почнало во 1995 година.

Веб пребарувачот прв пат бил објавен во 1995 година како дел од пакетот додатоци “Plus!” за Windows 95 . Го достигнал својот пик во 2003 година, со околу 95 проценти удел во употребата. Но, со појавата на новите, конкурентски пребарувачи, неговата корисничка база опаднала во годините кои уследиле.
Internet Explorer бил најчесто користен пребарувач во земја како Јужна Кореја и Јапонија. Во Јужна Кореја повеќе се жали за пензионирањето отколку во било која друга земја, бидејќи Internet Explorer бил задолжителен за купување преку интернет или он-лајн банкарство до 2014 година.
This gravestone of Internet Explorer a Korean made. pic.twitter.com/ZEgVSw7wIF
— Mildly Interesting (@interest_mild) June 15, 2022
Еден верен фан на овој пребарувач одлучил да му оддаде почит и да му крене споменик на славниот пребарувач во градот Гјеонгџу.
„Беше добар алат за преземање на други пребарувачи“, стои во пораката на надгробната плоча.

