Претстојната iPhone 14 серија смартфони на Apple ќе вклучува OLED дисплеи од вообичаениот избор на производители – BOE, LG Display и Samsung Display. Сега тоа го потврдуваат новите податоци на Omdia, кои даваат и некои други детали.
Се чини дека следната генерација на паметни телефони на Apple ќе вклучува четири модели – стандарден, Max, Pro и Pro Max. Оваа година нема да видиме мини модел кој не ги исполни очекувањата на компанијата.
Уредите ќе имаат LTPS OLED и LTPO OLED панели во зависност од опцијата. iPhone 14 и 14 Max ќе имаат LTPS OLED дисплеи со дијагонала на дисплејот од 6,1 и 6,7 инчи, соодветно. Овие модели ќе вклучуваат повисока стапка на освежување, но не и технологијата Variable Frequency (VRR) достапна во Pro варијантите.
Pro моделите ќе бидат со иста големина, но со LTPO технологија. Ова ќе овозможи да се постигне поголема ефикасност. Apple може исто така да ја воведе Always On функционалноста за постојатно вклучен почетен екран . Дополнително, ќе се користат два пристапи во однос на засекот во дисплејот (notch)
Стандардните модели ќе го имаат актуелниот засек, додека Pro уредите ќе имаат punch-hole отвор за предната камера и мал засек во облик на пилула за FaceID сензорите.