Мобилните уреди со флексибилен екран без сомнение се иднината на овој пазар, а Motorola е една од компаниите кои на ова гледаат можност повторно да се истакнат. Иако досегашните Razr телефони на преклоп беа интересни поради нивниот носталгичен фактор и флексибилен дисплеј, тие не доживеаја ни приближно толкав успех како на пр. Samsung Galaxy Z Flip 3 (кој е најпродаваниот телефон со флексибилен екран досега). Не добивме ниту еден нов Razr смартфон минатата година, па дури се чинеше дека Motorola се откажала од идејата. И тогаш почнаа нови гласини…
Како што знаете, неодамна протекоа фотографии и видеа кои го откриваат дизајнот на новиот модел на Motorola Razr. Најважно е што Motorola конечно се откажува од носталгијата, па новиот модел повеќе нема да ја има таа огромна „брада“ под екранот. Но, уште една интересна работа што беше откриена е дека тоа ќе се работи соодветен флегшип со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор – што Motorola веќе официјално го потврди! Ова е голем чекор напред во споредба со хардверот од средната класа во претходните модели. Со оглед на тоа што Razr 5G со Snapdragon 765 чинеше 1399 евра кога излезе во Европа, некако е логично да се очекува дека цената овој пат ќе биде уште повисока. Или можеби не?
Според OnLeaks, кој инаку е сигурен дојавувач, новиот Motorola Razr 3 (или како и да се вика) ќе чини само 1149 евра во Европа. Тој е за 150 евра поевтин од неговиот претходник. Причината за ова е веројатно двегодишниот технолошки напредок во флексибилните телефони, што и овозможи на Motorola да ги намали трошоците. Сепак, не можеме, а да не забележиме дека ова е поскапо од Galaxy Z Flip 3, кој првично се продаваше за 999 евра, а гласините велат дека Z Flip 4 би можел да биде уште поевтин. Да се надеваме дека Motorola има уште некои адути освен „ова е Razr и го има најдобриот Snapdragon“. Во моментов се шпекулира дека ќе има 12GB RAM, 256 GB простор за складирање, внатрешен екран од 6,7 инчи и надворешен екран од 3 инчи.
Засега нема информации за можниот датум на издавање, но се очекува Razr 3 да биде лансиран во Кина следниот месец, а набрзо потоа и во остатокот од светот.