Kорисниците на WhatsApp сега ќе можат да ја скријат профилната фотографија, информациите кога последен пат биле онлајн и статусот од одредени контакти
WhatsApp започна со тестирање на нова функција за приватност уште во ноември минатата година, која им овозможува на корисниците да ги кријат своите фотографии на профилот, информациите кога последен пат биле онлајн и статусот од поединечни контакти.
Оваа функција им беше достапна само на бета-тестерите, се до петокот, кога WhatsApp одлучи да им ја претстави на сите корисници на популарната апликација за комуникација.
🔒 To further protect your privacy online, we’re rolling out new options to your privacy control settings 🔒
Now you can select who from your contact list can see your Profile Photo, About, and Last Seen status. For more information follow this link: https://t.co/UGMCx2n70h
— WhatsApp (@WhatsApp) June 15, 2022
Како што пренесува GSM Arena, корисниците досега за фотографијата на профилот, информациите кога последен пат биле на мрежата и статусот, можеа да изберат да ги видат сите, нивните контакти или никој. Новата функција сега ја додава новата опција My contacts except…, која уште повеќе ја ограничува видливоста на приватните информации.
Со други зборови, доколку корисникот ја избере оваа новододадена опција, ќе може да постави сите да ја гледаат неговата слика на профилот, статусот и кога последен пат користел WhatsApp, освен одредени контакти. За да се овозможи оваа функција, треба да се отиде до поставките на апликацијата, да се кликне на сметката и на крајот на менито за приватност.