Американската вселенска агенција NASA наиде на „неочекуван“ светол објект на Марс.
Нивниот ровер Perseverance снимил предмет налик на метална фолија за време на рутинското талкање. Но, пред да почнат да шпекулациите за вонземјани, вистината веројатно е многу поблиска.
Имено, се покажало дека материјалот е со потекло од NASA. Експертите го објавија ова „изненадувачко“ откритие на Твитер дека мислеле дека станува збор за парче термално ќебе. Веројатно останало таму откако Perseverance слетал на Црвената планета во 2021 година.
Кога фотографијата се зумира, можно е да се видат ситните точки кои се вообичаени за термалното ќебе.
Во интервју за CNET, портпаролот на NASA рече дека се сигурни дека тоа е дел од прекривката, но помалку се сигурни за кој точно дел од леталото се работи.
My team has spotted something unexpected: It’s a piece of a thermal blanket that they think may have come from my descent stage, the rocket-powered jet pack that set me down on landing day back in 2021. pic.twitter.com/O4rIaEABLu
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) June 15, 2022
„Помалку е јасно од кој дел од вселенското летало доаѓа или како точно стигнало таму. Нашиот тим верува дека тоа веројатно се случило за време на фазата на слетување“, рече Ендрју Гуд од Лабораторијата за млазен погон на НАСА.
Тој додаде дека не знаат дали слетало таму по приземјувањето или било однесен од ветерот. Сепак, не сите биле импресионирани од ова откритие. Некои веруваат дека НАСА во суштина фрла отпад на Марс. „Сè уште нема луѓе таму, а ние веќе го оставаме ѓубрето“, коментира еден незадоволен коментатор.
„Ние луѓето успешно го оставивме своето ѓубре, дури и пред да стапнеме таму“, револтирано додал друг, според NY Post.