Компанијата Meta отвора онлајн продавница каде што корисниците на Facebook, Instagram и Messenger можат да купат „дигитална облека“ за нивниот аватар.
Првите брендови во продавницата се Prada, Balenciaga и Thom Brown, а облеката вклучува костуми, дуксери и опрема за мотокрос.
Основачот и директор на Meta, Марк Цукербер најави доаѓање на нови брендови.
„Дигиталните добра ќе бидат важен начин за изразување во метаверзумот, но и одличен двигател на креативната економија“, напиша Цукерберг во објавата на Facebook.
Луксузните модни брендови сè повеќе соработуваат со технолошки компании за создавање дигитални производи. Минатата година, Fortnite ги претстави скиновите на Balenciaga за играчите да можат да ги купат за нивните ликови во играта. Во Roblox, играчите можат да го посетат Gucci Town, кој има градина и виртуелна продавница со логото на брендот.
Иако брендовите се добро познати, веста за новитетот беше објавена „тивко“. Продавницата ќе биде пуштена во употреба „наскоро“, кога ќе бидат познати повеќе детали.

