Samsung претходно годинава ја претстави својата флегшип серија Galaxy S22. Серијата вклучува три модели – Galaxy S22, Galaxy S22+ и Galaxy S22 Ultra. Од овие три телефони само вториот доби надградба на предната камера, додека тоа не е случај со другите два модела. Всушност, Samsung не ја промени резолуцијата на камерата на моделите Galaxy S и S+ од 2019 година, но се чини дека тоа би можело да се промени следната година, со Galaxy S23 серијата.
Во 2019 година, Samsung донесе предна камера од 10 MP на Galaxy S10 моделите. И денес остана иста кај обичните и Plus моделите, но се чини дека Samsung конечно е подготвен да ја подобри резолуцијата на предната камера. Во најновиот извештај се тврди дека јужнокорејската компанија е подготвена да ја надгради предната камера на Galaxy S23 серијата следната година.
GalaxyClub пренесува информации дека Samsung Galaxy S23 и Galaxy S23+ телефоните може да се испорачаат со предна камера од 12 MP.
Samsung се чини дека тргнува по стапките на Apple, бидејќи претходно дознавме дека американската компанија ќе ја испорача iPhone 14 серијата со подобрена предна камера.
Засега не е јасно дали предната камера на Galaxy S23 ќе биде под екранот или ќе остане во отворот на горниот дел од екранот. Исто така, не е јасно дали новата предна камера ќе има оптичка стабилизација на сликата. За оваа функција се зборуваше уште од Galaxy S21 серијата, но на крајот немаше ништо.
Од друга страна, Samsung Galaxy S22 Ultra има сензор на предната камера од 40 MP и веројатно е дека неговиот наследник би можел да го задржи истиот сензор.