Компанијата SpaceX заврши три вселенски мисии за помалку од два полни дена.
Последното од трите лансирања се случи на 19 јуни, кога двофазната ракета Falcon 9 беше лансирана од Кејп Канаверал, Флорида и донесе во орбитата комуникациски сателит развиен од Globalstar. Првата фаза на ракетата потоа направи вертикално слетување на дрон брод на SpaceX наречен „Just Read The Instructions“ во близина на брегот на Флорида 10 минути по полетувањето, а сателитот беше во орбитата по вкупно 1 час и 50 минути. Тоа беше трета мисија за помалку од 36 часа.
Falcon 9’s first stage has landed on the A Shortfall of Gravitas droneship – marking SpaceX’s first 13th flight of a first stage booster and 100th successful mission with a flight proven orbital class rocket! pic.twitter.com/6XjfcOPuUh
— SpaceX (@SpaceX) June 17, 2022
На 17 јуни SpaceX лансираше ракета со 53 Starlink сателити од вселенскиот центар „Кенеди“ на NASA во Флорида, а на 18 јуни беше лансиран радарски сателит за германската војска од базата Вандерберг во Калифорнија.
Треба да се напомене дека за време на мисијата Starlink спроведена во петокот беше поставен рекорд за користење на првата фаза од ракетата Falcon 9, која полета во орбитата и слета на Земјата по 13-ти пат.