Функцијата за стивнување поединечни корисници ќе биде особено корисна при големите гласовни и видео повици
По функцијата за зголемување на приватноста, WhatsApp додаде можност за стивнување и испраќање пораки до одредени корисници во групните повици.
„Сега можете да стивнете некој корисник или да испратите порака до поединци во групни повици, а додадовме корисен индикатор за полесно да се види кога повеќе луѓе се придружуваат на големите повици“, објави на Twitter, шефот на WhatsApp, Вил Каткарт.
Додека, на пример, Zoom и Microsoft Teams им дозволуваат на креаторите на повици да ги стивнат корисниците, тие обично не нудат начин поединците да стивнат кого сакаат за време на групните повици, пренесува The Verge.
Some new features for group calls on @WhatsApp: You can now mute or message specific people on a call (great if someone forgets to mute themselves!), and we've added a helpful indicator so you can more easily see when more people join large calls. pic.twitter.com/fxAUCAzrsy
— Will Cathcart (@wcathcart) June 16, 2022
Оваа функција, всушност, нуди ново ниво на контрола, кое добро ќе дојде при големите гласовни и видео повици. Дополнително, додадена е и можноста за испраќање пораки до одредени луѓе за време на групните повици.
Покрај функцијата за приватност и овој додаток во групните повици, потсетуваме дека WhatsApp минатата недела го реши долгогодишниот проблем со префрлање на разговорите од Android на iPhone.