Сите знаат дека конзолата Sony PlayStation 5 е голема кога станува збор за димензиите. Можно е да се создадат компјутери кои се многу помали од оваа конзола, а многу фанови на PlayStation со нетрпение чекаат Sony да создаде потенок модел.
Доколку сте нетрпеливи да го чекате официјалното појавување на ваков модел, британскиот YouTuber – DIY Perks создаде прилагодена PlayStation 5 Slim конзола, која е тенка само два сантиметри.
Конзолата користи прилагоден систем за водено ладење, кој ги лади процесорот и VRM уредите, како и прилагодено ладење за мемориските чипови GDDR6. Сите овие компоненти, наводно, се загреваат помалку за време на работата отколку оние на оригиналната конзола PlayStation 5.
DIY Perks малку измами, бидејќи користеше надворешно напојување и ладење за својот PS5 Slim, иако треба да се забележи дека надворешните системи за напојување не се невообичаени на пазарот на конзоли, и дека повеќето Slim конзоли користат помалку тешки компоненти и решенија за ладење, кои можат да се сместат во нивните куќишта.
DIY Perks го создаде својот PlayStation 5 Slim систем рачно и сето тоа го направи без употреба на напредни делови и опрема.