Голем интерес од гледачите на ТРТ 1 за ТВ серијата Балканска приказна снимена во Скопје…
Турската серија Балканска приказна којашто од вторникот започна да се емитува на ТВ екраните на националната турска телевизија ТРТ1, а се снима во Скопје, се искачи меѓу најгледаните пет програми на турските телевизиски канали според податоците од рејтинг листите.
Серијата Балканска приказна го привлекува вниманието и на домашната публика кај нас во Македонија, не само со својата искрена, срдечна и весела приказна за две семејства кои живеат во Скопје, но и со својата маестрална актерска екипа.
Во прилог прочитајте што тие имаат да изјават за публиката во Македонија:
Ердал Озјаџилар: Ги отвораме старите тефтери со спомени на граѓаните од Балканот
Ердал Озјаџилар, познат и сакан актер на Балканот за серијата изјави дека „Балканска приказна е семејна серија за којашто искрено верува дека публиката ќе ужива гледајќи ја“, додавајќи: „Во ТВ серијата што претходно ја снимавме во Битола и привлече големо внимание, ги отсликавмесоништата на нашите граѓани од Балканот пред миграцијата во 1894 година и ги отворивме старите тефтери со спомени. Тие тефтери не ги затворивме. Во 2022 година, со Балканска приказна повторно ги отвораме за нашите граѓани. Таму бев Млекарот Рамиз, овде сум Кофтеџи Сулејман. Со својата приказна, искреност, хумор и љубовната приказна, Балканска приказна ќе биде сакана серија за нашите гледачи на ТВ екраните“, рече тој.
Озлем Туркад: Нашата серија нема да ги дели луѓето, туку ќе ги зближува
Озлем Туркад, која освои големо признание со својот лик „Рукије“ во „80-тите“, една од најдолгите и најпопуларните ТВ серии на ТРТ 1, во „Балканска приказна” ја глуми Нериман, сестрата на Кофтеџи Сулејман.
„Со тимот на Балканска приказна работиме многу добро за време на снимањата во Скопје. Како странец овде, никогаш не помислив да се вратам во Истанбул што е можно поскоро. Тука не се чувствуваме како странци. Научивме и да ги согледување, разбираме и да ги сфаќаме разликите. Во секој случај, нашата серија нема да биде со тематика која ќе ги дели луѓето по разлики, напротив, ќе зближува. Ова ќе го гледаме заедно во следните епизоди. Овде научив како да направам босански бурек“, вели актерката Туркад.
Сузан Акбелге: Ја глумам тешката по карактер и авторитарна Елена…
Познатата глумица Сузан Акбелге од Скопје, која била вклучена во многу значајни проекти во Македонија, го игра еден од важните ликови во серијата „Балканска приказна“, односно ја има улогата на Елена.
„Елена е доминантен лик, исто како и мајка ми. Ние пораснавме во тие времиња. Овде ја играм Елена, навидум тешка личност која живеела низ авторитарниот режим во минатото и е длабоко посветена на таа ера. Многу сме возбудени. Среќно со нашата серија”, кажа Акбелге.
Емре Беј: Тешката љубовна приказна ќе ја претвориме во лесна…
Емре Беј, кој е херојот на оваа невозможна љубовна приказна, во „Балканска приказна“ се заљубува во македонското девојче Јованка.
„Никогаш претходно не сум бил на Балканот. Но, никогаш не сум бил странец затоа што моето семејство емигрирало од тука во Турција. Овде многу лесно се адаптирав. Сигурно крвта си го прави своето. Во Скопје не пречекаа многу срдечно. Во серијата ќе ја гледаме чистата, искрена, симпатична љубовна приказна. Тоа е всушност тешка љубовна приказна, но ние ќе ја олесниме. Пред почетокот на серијата имавме двоумење околу дијалектот, но во тоа многу ни помогна нашиот пријател актер Ерман Шабан. Тој беше тренер на Шива. Му благодариме“, вели Емре Беј за серијата Балканска приказна.
Мерих Озтурк: Нашата ТВ серија раскажува многу убава љубовна приказна
Мерих Озтурк, која успешно ја игра улогата на Јованка, еден од јунаците на невозможната љубовна приказна во серијата Балканската приказна изјави: „Никогаш не сум била во Скопје порано. Не пречекаа толку топло и срдечно што воопшто не се чувствував како странец. Нашата серија раскажува многу убава љубовна приказна. Големо внимание ќе привлечат и колоритните приказни на останатите ликови во серијата. Срдечна, искрена, весела и забавна семејна драма, којашто се надевам дека ќе и се допадне на публиката во Македонија“.
Јалчин Ари и Угур Узунок се продуценти на серијата, а линиски продуцент е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција. Балканска приказна е во режија на Доан Умит Караџа и Волкан Капкин, која ги отсликува деловите од животот на две семејства, едно турско и едно македонско семејство коишто живеат во Скопје од двете страни на реката Вардар, како и приказната за двајца млади луѓе кои се сакаат до смрт, но нивната љубов е недозволена од семејствата.
„Балканска приказна“, чиешто сценарио е на Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамид Ишик и Есма Коч, ги спојува популарните балкански и турски мелодии во едно. Серијата ќе биде во центарот на вниманието и со својата музика. Алпер Атакан е композитор на музиката на Балканска приказна, со комбинација од балкански и турски мелодии.
Во прилог промотивен линк од втората епизода од серијата која ќе се емитува на ТРТ 1 во вторник, 28 јуни во 20:00 часот по турско време:
https://youtu.be/yWFPr7oRmHQ