Смартфонот наменет за гејмерите, Asus ROG Phone 6, пристигнува следниот месец, а сега е познат неговиот изглед како и некои спецификации.
Главните карактеристики на ROG Phone се очигледно недопрени, но сè уште има некои разлики во модулот на задната камера. Модулот е поголем, а една од камерите, веројатно ултра широка, има сини детали. Исто така, трета камера е видлива во модулот. Засега е познато дека на корисниците ќе им бидат достапни камери од 50 и 13 MP, додека за третиот сензор засега нема детали. Одзади има и секундарен екран кој е малку поголем.
Asus ROG Phone 6 ќе биде претставен на 5 јули, ќе стане еден од првите мобилни телефони со процесор Snapdragon 8+ Gen 1, а тој процесор ќе биде комбиниран со 18 GB RAM и 512 GB внатрешна меморија (која може да варира).
Ќе користи 6,78-инчен AMOLED екран со стапка на освежување од 165 Hz, а ќе се напојува од батерија од 6.000 mAh со поддршка за полнење од 65 W.
Сензорот за отпечатоци ќе биде интегриран во екранот, уредот ќе тежи 239 грама, додека неговите димензии ќе бидат 172,83 x 77,25 x 10,39 mm. Ќе биде достапен и приклучок за слушалки од 3,5 милиметри. Селфи камерата ќе има сензор од 12 MP.