Microsoft Edge е интернет прелистувач, полн со различни опции и функции, од кои некои се повеќе, а некои помалку корисни. Сега Edge добива три нови функции.
За да го направи Edge прелистувач за секоја пригода, Microsoft додава три нови функции: калкулатор, конвертор на пари и други единици и тест за брзина на Интернет.
Од Microsoft велат дека ажурирањата во август за Edge ќе ги додадат овие алатки во страничната лента на популарниот прелистувач.
Датумот на пуштање во употреба за овие нови додатоци е август 2022 година, што значи дека треба да се чека само месец и половина за нив.
Она што треба да се знае е дека, за корисниците на Microsoft Edge Canary кој служи за тестирање на раните ажурирања и фукции пред Microsoft да ги достави до пошироката јавност, овие функии се веќе достапни.



